И оваа учебна година продолжија работилниците во средните училишта на тема „Како се пишуваат новински вести?“ организирани од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“.

mk koalicija mediumska pismenost2Во вторникот четириесетина средношколци од СОУ „Климент Охридски“ - Охрид учеа и вежбаа новинарство што е во рамки на проектот „Македонска коалиција за медиумска писменост“, поддржан од Европската Унија.

mk koalicija mediumska pismenost3Како се пишуваат новинарски вести? Како знаат новинарите дека информациите што ги добиваат се вистинити? Како можат учениците да ги користат медиумите за да ги промовираат своите интереси и барања во јавноста?

Ова се некои од прашањата на средношколците на кои одговараа Дејан Андонов, од Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и Жарко Василевски, уредник во дневниот весник „Нова Македонија“. Целта на проектот е унапредување на медиумската писменост во училиштата.



Веста е превземена од novamakedonija.com.mk

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004