Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски објави

Интернетот велат колку е корисен, толку е и опасен во денешно време. А таму односно преку него сигурно место си најдоа и лажните вести, кои како лавина се шират од секаде.

 
Некои велат дека колку што Сидата како неизлечива болест е опасна за човештвото, толку сега и лажните вести го разболуваат општеството.
Со растот на лажните вести и пропагандата, се појави потребата од медиумска писменост, која е особено важна за младата популација, која секојдневно е изложена на низа информации од различни извори.

 
Македонија се најде во топ настаните со младите луѓе од Велес кои беа ставени на тапет на светската јавност заради ширењето лажни вест во корист на тогаш претседателскиот кандидат на изборите во Америка Доналд Трамп, а денеска претседател на таа земја.

 
Од Високата школа за новинарство и за односи со јавност во Скопје велат дека постои можност да се вметне медиумската писменост во наставните програми, но за тоа е потребна поддршка од институциите, заедно со медиумската индустрија.

 
Ланската година беше промовирана Коалицијата за медиумска писменост основана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, Нова Македонија и Инситутот за различности во медиумите од Лондон.

 
Осум невладини заедно со исто толку медиуми како партнери ќе реализираат различни активности со кои ќе ја едуцираат јавноста и своите целни групи како критички да ги перцепираат медиумските содржини, но исто така и да ги употребуваат медиумите за промоција на своите барања и интереси.

Деновиве на дводневна обука со новинарите во Високата школа за новинарство и односи со јавноста се разменуваа искуства и се учеше од светки примери преку искуствата и на Том Лоу од Мрежата за етика во новинарството од Лондон.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk