Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски објави

Колку веруваме на медиумите, каде е довербата поголема во традиционалните или новите електронски медиуми, дали знаме како да ја прифатиме информацијата и како да ги препознаваме лажни вести? Ова се дел од обидите кои ги прави Коалицијата за медиумска писменост, како граѓаните односно гледачите, читателите или слушателите да ги препознаваат лажните вести кои земаат замав.


„ Во овој наплив на информации со кој што постојано сме бомбардирани и од традиционалните медиуми и од новите медиуми, се создава една еуфорија од информации каде граѓаните понекогаш не знаат како да реагираат, како да ја одбијат и што можат да направат со таа информација, кому да веруваат, а кому да не веруваат“ вели Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и односи со јавноста.


Агенцијата за медиуми објави едно такво истражување за медиумска писменост.На прашањето што прават граѓаните доколку забележат големи и суштински разлики во информирањето за исти настани, 50,95 отсто рекле дека не ги отфлаат или не ги игнорираат сите објавени информации за тој настан, додека со „да“ одговориле 45,90 отсто. 62, 84 отсто рекле дека прифаќаат дел од содржината од секој медиум, а со „не“ одговориле 34,87 отсто од испитаниците.


„Тоа е прво вакво истражување од кое што може да се види колку сме медиумски писмени. Тие резултати покажуваат дека реално македонските граѓани знаат да  детектираат кои медиуми на некој начин манипулираат со начинот на кој известуваат, меѓутоа од друга страна во тоа истражување ќе се види и една пасивност на граѓаните однсно гледачите и без некаква реакција“ вели таа.


Медиумите и натаму главниот фокус го ставаат на политичарите, а не на граѓанинот. Оттука и потребата за поголема соработка мегу медиумите и невладините, од каде може  да се најдат теми од секојдневни проблеми на граѓаните.

„Медиумите милуваат своите вести да ги преплавуваат со политичките личности, за политичките случувања, а се помалку ги има граѓаните кои се запоставени во фокусот на медиумите, гледаме се што прават политичарите, меѓутоа малку за граѓаните“вели таа.

И едните и другите реализираат различни активности со кои ќе ја едуцираат јавноста и своите целни групи како критички да ги перцепираат медиумските содржини, но исто така и да ги употребуваат медиумите за промоција на своите барања и интереси.


Коалицијата за медиумска писменост е основана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, Нова Македонија и Инситутот за различности во медиумите од Лондон.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk