Еден од големите проблеми во Македонија кога зборуваме за состојбите во медиумите е клиентелистичкиот однос кој беше, а некаде се уште го има на релација медиуми-центри на моќ. Таа спрега не овозможуваше јавниот интерес да биде над личниот,  партискиот или бизнис интересот.

Критиките за тоа какви биле или какви се медиумите одеа од насока дека има притисоци, автоцензура од една страна, од друга дека никому не е забрането што сака да зборува и дека новинарите односно медиуми ја имаат слободата на гороворот.


Се уште и по повеќе од две и пол децении плуралистичка Македонија и сите обиди за граѓанско општество, поголем дел од медиуми никако да се оддалечат од центрите на моќта и да бидат во служба на граѓаните.

И додека од една страна електронските традиционални медиуми се регулирани со закон, поратите во Македонија во голем број функционираат по примерот човек- портал. Кога имаше најава за регулација, се побунија дека тоа би било удар врз слободниот простор.


Заради сето ова во тек е проектот на Високата школа за новинарство и односи со јавноста за медиумска писменост, а претходно беше создадена и коалицијата за медиумска писменост.

На овие теми во денешниот Актуел од Жанета Трајкоска од Високата школа за новинарство и за односно со јавноста.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004