Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски објави

Медиумската писменост во образованието во Македонија не е организирана во концепт туку постои во сегменти, во содржини од предметите по мајчин јазик или социологија кои се однесуваат на општи поими за медиумите. Едукацијата на учениците е сведена на ентузијазмот на некои наставници кои и самите за оваа област учеле неформално и најчесто преку обуки од граѓанскиот сектор.

novamakedonija ucilisteto klucna institucija za med pismenost

Учесниците на денешната конференција  „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“ се согласија дека училиштето е клучна институција за унапредување на медиумската писменост и, со оглед дека некои наставни програми не се изменети од 2001-2002 година, надеж имаат во новата Сеопфатна стратегија за образованието 2018-2025 и тековните реформи на Министерството за образование и наука.

Високата школа за новинарство и односи со јавноста ја организираше конференцијата за да ја актуелизира важноста на овој вид едукација која треба да ги подготви младите да ги препознаваат и да се справуваат со манипулациите и лажните вести со кои глобално е преплавен медиумски простор. Примената на ИКТ во училиштата, сметаат, не е доволна зашто дигитална писменост не е еднакво на медиумска писменот. 

Тамара Ќупева, професор во гимназијата „Орце Николов“ и коавтор на истражување за медиумската писменост во средното образование, рече дека младите во секоја минута живеат во хиперконектиран свет, консументи се на информации и продуцираат нови, комуницираат во десетици виртуелни групи.

- Имаат пристап до илјадници ресурси на интернет, а тоа ги носи во нови ризици затоа што самите тврдат дека вестите и основните информации ги примаат од социјалните мрежи кои не се секогаш валиден извор за да може да формираат одреден однос или став кон заедницата, па и кон светските проблеми. Нашето истражување покажа дека средношколците се свесни за потребата од медиумска писменост зашто и самите посочуваат примери кога се наоѓаат во замка на неточни информации и создавање погрешна перцепција за стварноста. Од друга страна, и наставниците делумно ја препознаваат медиумската писменост во својата суштина, рече Ќупева, повикувајќи дека оваа тема во образованието бара итност.

Според заменик-директорот на Бирото за развој на образованието Ванчо Петрушевски, и досега во наставата имало слобода која креативните наставници знаеле да ја искористат или, како што рече, флексибилно да ја вообличат наставната програма низ призма на медимската писменост. Останува, рече, во натамошните надградувања на наставните програми ова подрачје да се дополни со цели кои ја имаат медиумската писменост во поинакво значење.

- Наредниот чекор е да се извршат промени и во наставните програми по предметите од општествените науки зашто се доволно флексибилни за да бидат надградени со содржини и цели кои ги опфаќаат поимите, активностите и проектните задачи поврзани со медиумската писменост, рече заменик-директорот на БРО. 

Медимската писменост е приоритет и на Европската унија, па затоа неодамна во Брисел е формирана експертска група од 40 истакнати новинари, академици, активисти за да ја советува Европската комисија во справувањето со лажните вести.

- ЕУ ја смета медиумската писменост како неодложна или нераскинлив дел од здравата демократија, од слободата на медиумите и плурализмот. Во комплексната медиумска сфера и развојот на нови технологии ја смета медиумската писменост како нужен одговор. Таа ни дозволува критички да пристапуваме кон целата содржина што ја восприемаме и ни овозможува како активни граѓани да учествуваме во демократските процеси на државата, рече Сања  Фрковиќ-Гелевска од Делегацијата на ЕУ во Македонија.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk