Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски објави

За медиумската писменост во образовниот систем во однос на неодамна усвоената Сеопфатна стратегија за образованието 2018-2025 и тековните реформи на Министерството за образование и наука ќе се дискутира денеска на конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“.

sitel konferencija za med pismenost vo obrazovniot sistem

Организатор на конференцијата е Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“.

Ќе бидат презентирани иницијативите на осум граѓански организации и осум медиумски партнери во рамките на Коалицијата за медиумска писменост што во 2016 ја основаше Високата школа. Нивните заеднички активности беа поддржани со грантови од Европската Унија, со цел да ја унапредат медиумската писменост во земјата.

- Во изминатите осум месеци преку овие иницијативи се продуцираа различни медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, имаше едукативни активности за младите да можат критички да ги перцепираат вестите и да умеат да ги препознаваат професионалните новинарски стандарди, соопшти Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk