Медиумски ден 2018
По четврти пат, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше Медиумскиот ден за средношколците од Македонија. Вкупно осум медиуми: дневниот весник Нова Македонија, МРТ1 Промо, TV21, TERA TV (Битола) и ТВ Плус (Куманово), ТВ Вис Струмица, Makfax и Радио МОФ беа домаќини на над 130 ученици од Скопје, Дебар, Валандово, Богданци, Кавардарци, Велес, Битола, Куманово, Св. Николе.
Учениците можеа од своите домаќини новинари да дознаат повеќе детали за функционирањето на различни информативни редакции и медиуми, да дискутираат за новинарската професија, но и да дознаат повеќе за професионалните новинарски стандарди.
Настанот се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, а со поддршка на Европската Унија.
Медиумски објави
Медиумски ден – средношколците во посета на ТВ21 | ||||
Средношколци од Богданци и Валандово учеа за медиумска писменост во Канал ВИС |
||||
Галерија