Активирај се | Создадено од вас |

Бендот на Орце Николов на Средноленд: Успеавме за три дена да се подготвиме и да поминеме одлично

feat-img

Нови бендови ја освежуваат градската музичка сцена. Средношколци во повеќе училишта сѐ почесто се фаќаат за гитарите и тапаните и ги прават првите чекори на сцените.

Фетивалот Средноленд кој се одржа на повеќе локации во Скопје на почетокот на мај извади повеќе такви состави надвор од училишните холови и гаражите за вежбање.

Школката во Градскиот парк се покажа како одлична сцена за нив, а скопските средношколци како добра публика која може да мотивира и охрабри. 

Разговаравме со Јана Даскаловска која заедно со Јана Неданоска и Никола  настапија како средношколски бенд од училиштето Орце Николов. 

Нејзините импресии се одлични. Бендот е составен од ученици од прва година и тоа двајца на гитари, пијано и вокал и претежно изведуваат поп-рок и поп музика. Вели дека нивната желба да настапат на ваков настан ја препознал и професорот Миле кој им овозможил да учествуваат. Изборот на песните пак не бил насочен конкретно да пренесе некаква порака, туку, дека сметале дека тие ќе бидат соодветни за просторот.

„Мислам дека ова беше шанса сите музички настроени ученици да можат да настапуваат на отворено и да го прават тоа што најмногу го сакаат, како на пример јас што немам пеено на никаков настан ова ми даде можност да пробам нешто ново и да видам во која насока сакам да одам во иднина“ вели Јана.

Се надеваат дека следниот пат ќе имаат повеќе време за подготовка. Вели дека доцна ја добиле информацијата дека може да настапуваат па за само три дена успеале да извежбаат и изведат неколку песни.

„Знам дека други училишта се подготвуваа многу порано, но сепак многу сум задоволна што успеавме да направиме за три дена и тоа само тројца ученици. Дефинитивно позитивно, атмосферата многу ми се допаѓаше и како луѓето регираа на настапот.“

Јана и бендот се надеваат дека ова е само прва година од фестивалот на кој и идната ќе добијат можност да настапуваат.

СРЕДНОЛЕНД е настан одранизиран од Јавната установа Универзална сала иницирано од професори и ученици од средните училишта во Скопје , преку кој талентираните ученици се промовираат себе си, воедно промовирајќи го и своето училиште пред скопјани. Целта на настанот беше да се насочат учениците кон вистинските вредности, развивајќи интерес кон уметноста и културата, и да го приближиме светот на средношколците до јавноста, преку приказ на нивните таленти и нивните интереси, поставувајќи темел за соработка меѓу училиштата и меѓуинституционална поддршка.

Повеќедневниот настан се одржуваше од 2 до 6 мај, на неколку локации во градот, и тоа на Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Градски парк – Школка.

Автор: Горјан Азманов