ПОЧИСТ ГРАД ЗАЕДНО СО МЛАДИТЕ
Носител на проектот: „КАБ СТРУГА 2017“- Струга
Партнер во проектот: СОУ “Нико Нестор”- Струга
КАБ СТРУГА 2017 со средношколците од „Нико Нестор“ ќе работи на кампања за поголема транспарентност и одговорност на Општина Струга во делот за трошењето на финансиските средства наменети за решавање на проблемите со малите диви депонии во Струга и околните руралните средини. Преку конкретни акции со младите за расчистување на сметот ќе се поттикнува и еко-активизмот, кој е важен во зачувување на уникатната природа на овој предел во кој што ужива населението и туристите
КАБ СТРУГА 2017 е граѓанска организација која ги промовира планинарството и зачувувањето на животната средина.
СОУ „Нико Нестор“- Струга е формирано е во 1960 година како градежно-техничко училиште со 4 паралелки на македонски јазик. Во 1979/80 година, со интеграција на гимназијата ,,Браќа Миладиновци,, прераснува во центар за средно образование ,,Нико Нестор,,. Во својот повеќе децениски развој оваа институција бележи постојан раст по однос на видот и бројот на образовните профили, бројот на ученици и јазиците на кои се изведува наставата.
Контакт лице од здружението:
Масар Жаку 071 441 883; [email protected]
Контакт лице од СОУ Нико Нестор:
Ндерим Положани 078 344 789; [email protected]