Иницијативи SHAPE |

ЗЕЛЕН ФОТО ГЛАС

feat-img

Носител на проектот: Младински културен центар – Битола

Партнер во проектот: ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола

Младински културен центар – Битола (МКЦ – Битола) во партнерство со средношколците од медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола ќе го поттикнуваат еко-активизмот кај младите но и граѓанската одговорност преку кампања против фрлање отпадоци насекаде. Ова ќе придонесе за решавање на нечистотијата во Битола и околните рекреативни и излетнички места и менување на навиките на населението во однос на заштитата на животната средина.

Младински културен центар – Битола (МКЦ – Битола) работи на проекти и програми за млади во областа на волонтерството, неформалното образование, граѓанските иницијативи и урбаната култура.

Општинското средно мединциско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола постои од 1956 година и врши четиригодишна стручна едукација на кадри од здравствената струка, застапена со 4 образовни профили и струката лични услуги. Во учебната 2020/2021 година во училиштето се образуват 890 ученици, кои покрај во стручниот формален дел, успешно се вклучуваат и во неформалното образование, вклучително и екологијата.

Контакт лице од организацијата:

Марија Мерковска-Крушаревска, 075 468 557; [email protected]; [email protected]

Контакт лице од средното училиште:

Марија Магдалена Петковска-Микаровска, 070 373 934; [email protected]

Галерија