Активирај се | Создадено од вас |

Миграцијата ги празни училиштата

Миграцијата е присутна кај нашето население со децении. Кон 70-тите години на минатиот век, причините беа главно од економска, социјална и политичка природа. Загрижувачки е што и последниве години преселувањето на цели семејства станува феномен, бидејќи миграцијата на младите ги празни училиштата. Социологот Бастри Исаку ова го гледа како процес на глобализација за подобар и побезбеден живот, додека младите апелираат до институциите да најдат механизми за спречување на оваа појава.

Прилог на Блерона Бериша средношколка во СОУ „Перо Наков“ Куманово којашто помина еден месец пракса во ТВ Феста.

Оваа содржина е изработена во рамки на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“ кој го спроведува ИРЕКС во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младински образовен форум.