Активирај се |

Младите заинтересирани за активности за еколошки прашања, недостасуваат иницијативи од институциите

Младите сакаат да бидат активни учесници во заштитата на животната средина, но се соочуваат со бројни бариери и пречки. Клучни предизвици се недостатокот на соодветна едукација и волјата од страна на институциите, особено локалните, кога станува збор  за еколошки прашања. Истражувањето на здружението „Гоу Грин” покажува дека 68,6% од младите се изјасниле дека никогаш не биле поканети на еколошки настани од локалните институции. Јакнењето на соработката помеѓу младинските НВО и општините е клучно за зголемување на вклученоста на младите. 

Прилог на Илка Али ученичка во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ која беше еден месец на пракса во МТВ 2.