Адријан Мицевски: Успехот зависи од работата

Македонскиот футсал репрезентативец Адријан Мицевски играл во најдобрите клубови во Германија, а во овој период е во Оребро во Шведска. Настапувал и во Кипар за тимот на Омонија, како и за хрватскиот тим Сквер. Во Македонија бил играч на КМФ Железарец во неговите најдобри денови.
Какви беа Вашите почетоци и на која возраст влеговте во фудбалските води?
– Уште од најмала возраст сум на фудбалските терени, а чувството да се занимавам со спорт беше толку прекрасно и посебно што ден-денес се занимавам професионално.
Кој аспект од средното училиште Ви беше најкорисен за фудбалската кариера?
– Ставањето фокус на спортот и упорноста за успех.
Како се развиваше Вашата кариера после средношколските денови?
– По средношколските денови започнав со професионално играње и фокусирање на што повеќе тренинзи и активности.
Во кои клубови имате настапувано?
– Досега сум играл во MNK Square (Хрватска), Омониа (Кипар), Beton Boys (Германија), Штутгартер (Германија), а моментално сум во Оребро (Шведска).
Кои би ги издвоиле како поголеми успеси во кариерата?
– Во мојата кариера имам освоено преку 50 турнири, освојување на Македонската футсал лига 6 пати, освојување на Куп на Македонија 6 пати, освојување на Бундеслигата во Германија, најбрз hat-trick во светот, повеќе од 90 настапи за Македонската репрезентација и повеќе од 60 голови, освојување на Универзијада во Македонија, освојување на студентски игри.Автор: Јована Спасова, ученичка во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија