Активирај се | Создадено од вас |

Битолски средношколци ја посетија Шпанија

feat-img

Во рамки на програмата „Еразмус +“ и невладината организација „ГЕТ Иновација“, од 16 до 24 ноември 2017 година, се одржа семинар на младинска размена во Шпанија. На семинарот присуствуваа учесници од Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Романија, Полска, како и шест младинци од Македонија, меѓу кои и учениците од гимназијата „Јосип Броз- Тито“ од Битола.

bitolski srednoskolci ja posetija spanija 2

Учесниците фотографираа и анкетираа жители од село и од градот Малага, со цел да ги согледаат разликите помеѓу начинот на живот. Младинците заклучија дека животот во село, воглавно е помирен, со недостапни институции, додека градот е побучен, загаден, достапни институции и културно забавни настани. Воедно и дека за разлика од Македонија, во Шпанија отпадот е строго регулиран, јавниот превоз беспрекорен, а инфраструктурата дури и во најмалите села е развиена подеднакво како и во градовите.

Анастасија Сивеска, Александар Лавуровски,  Гимназија „Јосип Броз- Тито“ Битола