Активирај се | Создадено од вас |

„Браќа Миладиновци“ на младинска размена во Романија

feat-img

Обединети во уметности и занаети беше темата којашто вклучи млади луѓе од Македонија, Романија, Хрватска и Естонија на младинската размена што се одржа во април во романскиот град Черашу.

Учесниците организираа „жива“ библиотека со цел подигнување на свеста за дискриминацијата кон Ромите која е застапена со голем процент во Романија. Младите дискутираа за етничката и националната дискриминација и учеа како да се изгради свет без стереотипи и предрасуди. За време на младинската размена, освен знаења и искуства, седумте учесници од Македонија ги подобрија комуникациските вештини и стекнаа нови пријателства.

Настанот се организираше во рамките на програмата Еразмус плус на Европската комисија.

Христина Трпчевска, III-1, ученичка во СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје