Активирај се | Создадено од вас |

„Буре барут“ експлодира во театарот во Банско, Бугарија

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија успешно се претстави на 27 Меѓународен уметнички фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско, Бугарија со претставата „Буре Барут, на текст од Дејан Дуковски, во режија на Даниела Џишева и техничка обработка на Тони Аврамов. Драмската група „Дон Кихот“ на овој фестивал го освои второто место.

Дешифрирањето на текстот на Дуковски и режијата на Џишева го доловија секојдневието завиено со платното на насилството преку глумата на младите актери кои се надминаа со фантастичните улоги, а сето тоа визуелизирано преку мултимедијалноста што остави силен впечаток на жири комисијата.

Ова не е прво учество и награда на драмската група „Дон Кихот“ на фестивалот „Утринска ѕвезда“ која досега има освоено прво, второ, трето место како и Гран при награда на овој фестивал.