Дали и колку младите се грижат за животната средина?
Интересот за екологија кај младите во Битола е слаб, бидејќи тие сметаат дека одговорноста за еколошките прашања лежи во државата, а не во нив. Според младите, тие се однесуваат одговорно кон природата, но државата не прави доволно за заштита на животната средина, вели Милчо Дули од невладината организација Сфера Интернационал.
Прилог на Александар Јовановски, ученик во СОУ „Таки Даскало“ од Битола кој помина еден месец на пракса во Тера Телевизија.
Оваа содржина е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на ИРЕКС и на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и не ги одразува ставовите на УСАИД или Владата на Соединетите Американски Држави.