Динамично и одговорно – новинарството низ призмата на една студентка
Се чини дека нема подинамична и поодговорна професија од новинарството. Пишување текстови, следење прес-конференции, снимање на терен и борба со рокови. Одново и одново. Погледнете го искуството на студентката Магдалена Ивановска која еден месец беше на пракса во редакцијата на ТВ проектот „360 степени“ преку Мастер часовите за медиуми и новинарство.