Активирај се | Создадено од вас |

Доделени се наградите за учество на конкурсот „Изрази се преку медиумите“

Исток Чаповски, матурантот во Меѓународното училиште НОВА е добитник на првата награда, видео-камера на средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“. Наградата ја освои со едноминутниот видео клип „Марионета“ инспириран од влијанието на медиумите врз најмладите. Второнаградениот средношколец Сергеј Сарчевски од скопската гимназија „Орце Николов“ доби таблет за видеото „Пародија на македонска домаќинка“, а ученикот Ѓорѓи Десподов од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп доби фотоапарат за изработен постер.

Освен овие тројца ученици, пофалници за медиумските продукти добија и Сергеј Митевски, Петар Петрушев, Тамара Стефковска, Ана Арсовска, Иван Тодоровски, Слободанка Ресавска, Вера Трајковска, Ивана Андреева и Филип Лафазановски.

На конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се натпреваруваа повеќе од 40 средношколци со изработени видеа, фото-приказни и постери на тема „(Де)конструирај ги медиумите: најди го значењето зад пораката“. Преку медиумските производи средношколците го откриваа најчесто скриеното значење на медиумските пораки објавени на ТВ, радио, печатен или онлајн медиум и како нивните содржини влијаат врз изборот на младите да купат нешто, да донесат одлуки или да размислуваат во одредена насока. Најдобрите производи беа избрани од комисија составена од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и од медиумски професионалци.

Целта на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ е да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги толкуваат и критички оценат медиумските содржини на кои се постојано изложени. Конкурсот се реализираше во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“ што го спроведе Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка од Амбасадата на САД во Македонија.

 

{youtube}OPwB6QXl6jo|380|240{/youtube} {youtube}dpt2CbOYIrA|380|240{/youtube}
Исток Чаповски, НОВА Меѓународно училиште

ПРВА НАГРАДА – видео „Марионети“

Сергеј Сарчевски, СУГС „Орце Николов“

ВТОРА НАГРАДА – видео „Македонска домаќинка“

 

{youtube}b5_GPmJdtMo|240|160{/youtube} {youtube}ISjxceXtYn4|240|160{/youtube} {youtube}QebKoVARR0A|240|160{/youtube}
Тамара Стефковска, СУГС „Јосип Броз Тито“ Сергеј Митевски, Средно уметничко училиште Ивана Андреева, СУГС „Арсени Јовков“
{youtube}zJMIyobICqM|240|160{/youtube} {youtube}f_1nnPmO2dk|240|160{/youtube}
Филип Лафазановски, СУГС „Никола Карев“ Петар Петрушев, СЕТУГС „Михајло Пупин“

 

 

Повеќе фотографии од настанот, кликнете тука.