Создадено од вас | Активирај се |

Електричните автомобили во Македонија – сѐ уште тренд во зачеток

feat-img

Како што течат годините технологијата се развива сѐ повеќе. На сите нас ни  е желба барем еднаш да се возиме во електричен автомобил како „Тесла“ и многу други. Да го почувствуваме тивкото и удобно возење и сознанието дека со возењето загадуваме многу помалку отколку со другите возила на дизел и бензин.  Но дали има можност да се вози таков автомобил во Македонија?

Како што знаеме електричните автомобили  се трендот во денешницата и се едни од најимпресивните коли во светот. Ако се запрашаме дали може во Македонија да возиме таков автомобил треба да се имаат предвид повеќе елементи. Не во секој град има полнач за автомобилите и професионални мајстори кои би  можеле да го поправат возилото доколку се јави некаков дефект.

Во Македонија има околу 40 полначи за автомобили, од кој 22 се во Скопје. Другите се во Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Гостивар, Кичево, Велес, Охрид, Тетово, Струга, Битола, Струмица, Прилеп, Тетово.

Во 2018 Владата ветуваше субвенции од 5000 евра за купување електрични автомобили и 3000 евра за купување на хибридни возила. Се најавуваше дека во првата година ќе се доделат субвенции за 200 возила, но тоа досега не се случи.

Малата достапност на полначите и отсуството на мерки за поддршка на купувањето на електрични автомобили се најверојатно дел од причините зошто во 2021 година во целата држава се регистрирани само 128 автомобили, 17 товарни возила и 96 мотоцикли кои работат на струја.

Од нив, како што покажува државната статистика, дури 100 е-автомобили и 44 мотоцикли се во Скопје. Пет има во Струмица, четири во Штип,  по три автомобили има во Охрид и Прилеп, два во Битола, а по еден има во Валандово, Дебар , Долнени, Кочани, Крушево, Ресен, Росоман, Струга , Тетово.   

Дополнително, бидејќи се работи за технологија која е релативно нова и кај нас уште недоволно распространета, и поправките на овие автомобили се предизвик. Ретко кој од сервисите кои се специјализирани за досегашните возила и мотори кои се движат на дизел и бензин имаат искуство со сложената електроника на електричните возила. Тоа го констатираат и анализите во светот. Компанијата која се бави со анализа на движењата во автомобилската индустрија „We Predict“ лани излезе со заклучоци дека во Америка врз основа на податоците за 19 милиони возила произведени во периодот од 2015 до 2021 засега  одржувањето на овие возила засега се двојно поскапи. На сервисните техничари пак им земаат повеќе време ако се има предвид дека им требало двојно повеќе време за откривање на проблемите. 

Во Тетово пак се најавува отворање на фабрика за производство на првиот електричен автомобил во Македонија „e.GO“ кој ќе може да развие брзина  од 250км и ќе биде удобен и економичен во потрошувачката. Сепак, проблем е што според најавите ова возило би чинело 24.990€‎ што просечен граѓанин во Македонија не би можел да си дозволи ваков автомобил.

За да се поттикне помасовното возење на електрични автомобили треба да се зголеми инфраструктурата, во секој град со повеќе места за полнење на батериите и да се вложува во обука на техничарите во сервисите за зголемување на знаењето за поправките за ваквите автомобили.

Автор: Марко Ристоски, АСУЦ „Боро Петрушевски”