Флората и фауната во струмичкиот регион
Плодната струмичка котлина е живеалиште на богат животински и растителен свет. Ако патот ве води кон Моноспитовското блато ќе ве пресретнат папрат, високи трски, птици. Влажниот воздух во близина на Мокрино, Колешино, Смолари, Габрово е идеалното место за јаворите, кои овде се присутни неколку стотици години. Колешинските и Смоларските водопади изобилуваат со силикатни алги, ретки видови инсекти, барски птици и цицачи. Во Моноспитовското блато се застапени 112 видови птици и во него можат да се најдат 11 видови на водоземци и 16 различни видови влекачи.
Повеќе невладини еколошки организации имаат иницијатива планината Беласица да се прогласи за заштитено подрачје, како што впрочем е заштитена од грчка и бугарска страна.
Кај нас, заштитени подрачја се Колешинските и Смоларските водопади.
Благица Павлова, гимназија „Гоце Делчев“ Валандово
Билјана Витанова, гимназија „Јане Сандански“ Струмица