Активирај се | Создадено од вас |

Хо­ке­јот мо­же да би­де ид­ни­на на мно­гу мла­ди

feat-img

Ма­ке­до­ни­ја не­ма аре­на за хо­кеј, но има хо­ке­ар­ска ре­пре­зен­та­ци­ја. Ус­ло­ви­те за овој спорт не се иде­ал­ни, но ма­ке­дон­ска­та спорт­ска јав­ност мо­же да се гор­дее со злат­ни­от ме­дал од не­о­фи­ци­јал­но­то Свет­ско пр­венс­тво за др­жа­ви без за­тво­ре­ни хо­кеј-аре­ни „Де­ве­лоп­мент куп“, што се одр­жа во Гер­ма­ни­ја на кра­јот на 2018 го­ди­на. Сред­но­то учи­ли­ште „Ни­ко­ла Ка­рев“, пак, мо­же да се гор­дее де­ка во ре­до­ви­те на хо­ке­ар­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја го има сред­но­шко­ле­цот Бо­јан Ба­сил­ков­ски, кој е најм­ла­ди­от ре­пре­зен­та­ти­вец. Тој е тре­та го­ди­на во ова скоп­ско учи­ли­ште и во раз­го­вор за „Ме­ди­ум“ збо­ру­ва за не­го­ва­та љу­бов кон овој спорт, за ус­ло­ви­те во кои тре­ни­ра­ат, за тоа ка­ко исто­вре­ме­но се спра­ву­ва со учи­лиш­ни­те и со об­вр­ски­те кон хо­ке­јот итн.

Ме­ди­ум: Кол­ку вре­ме тре­ни­раш хо­кеј и од ка­де жел­ба­та да се за­ни­ма­ваш со овој спорт?

Бо­јан: Јас се за­ни­ма­вам со овој спорт по­ве­ќе од 6 го­ди­ни. Мо­ја­та жел­ба се ро­ди ко­га за прв пат за­ста­нав на лиз­гал­ки и го по­чув­ству­вав мра­зот во мо­е­то ср­це. Исто та­ка за тоа е зас­лу­жен и мо­јот та­тко.

Ме­ди­ум: Ка­кво бе­ше чув­ство­то ко­га осво­и­вте пр­во ме­сто?

Бо­јан: Чув­ство­то бе­ше не­по­втор­ли­во по­ра­ди тоа што за прв пат се срет­нав­ме со ва­ков го­лем пре­диз­вик и бев­ме гор­ди на на­ша­та по­стиг­на­та цел и по­крај си­те на­ши ус­ло­ви за ра­бо­та.

Ме­ди­ум: Да­ли мис­лиш де­ка хо­ке­јот има ид­ни­на во Ма­ке­до­ни­ја?

Бо­јан: Со хо­ке­јот во Ма­ке­до­ни­ја мо­жат да ус­пе­ат и да прос­пе­ри­ра­ат и мла­ди­те ка­ко ме­не, но и си­те пре­о­ста­на­ти кои има­ат жел­ба и љу­бов кон овој спорт. Исто та­ка, по­тре­ба­но е да се из­гра­ди ед­на ма­ла за­тво­ре­на ха­ла ко­ја би ни по­мог­на­ла да по­стиг­не­ме и по­го­ле­ми ус­пе­си од овој и да се кла­си­фи­ци­ра­ме во по­го­ле­ми­те ли­ги.

Ме­ди­ум: Што е не­оп­ход­но за по­до­бри ус­ло­ви и раз­вој на хо­ке­јот?

Бо­јан: Па­ри, ло­јал­ност, по­мош од на­ша­та др­жа­ва, спон­зо­ри и раз­лич­ни фи­нан­си­е­ри кои се љу­би­те­ли на спор­то­ви­те.

Ме­ди­ум: Ка­ко се од­ви­ва еден тре­нинг?

Бо­јан: Тре­нин­гот се од­ви­ва во спорт­ски­от цен­тар „Бо­рис Трај­ков­ски“. Тре­ни­ра­ме во ве­чер­ни­те ча­со­ви, од 22 до 23.15 ча­сот. Јас сум најм­ла­ди­от, што зна­чи тре­ни­рам со по­во­зрас­ни­те игра­чи од мо­јот тим и е до­ста на­пор­но.

Ме­ди­ум: Кој е тво­јот спорт­ски идол?

Бо­јан: Мо­јот спорт­ски идол е Але­ксан­дар Овеч­кин-Ру­ски (играч во НХЛ) по­ра­ди тоа што е ед­на од нај­го­ле­ми­те ѕвез­ди на со­вре­ме­ни­от хо­кеј.

Ме­ди­ум: Да­ли по­ми­ну­ва­те вре­ме за­ед­но со еки­па­та и ко­га не­ма­те тре­нин­зи?

Бо­јан: Во лет­ни­от пер­и­од, ко­га не­ма­ме тре­нин­зи, по­сто­ја­но сме за­ед­но, пра­ви­ме су­ви тре­нин­зи и по­не­ко­гаш оди­ме на за­ба­ви.

Ме­ди­ум: Да­ли ти е по­треб­но по­ве­ќе вре­ме ка­ко најм­лад играч за да се вкло­пиш со по­и­скус­ни­те игра­чи?

Бо­јан: Во­оп­што не чув­ству­вам те­шко­тии, би­деј­ќи по­сто­ја­но сум со по­во­зрас­ни­те игра­чи од ме­не кои се на во­зраст од 22 го­ди­ни, па и по­ве­ќе.

Ме­ди­ум: Имаш ли тре­ма пред нат­пре­вар и ка­ко ја над­ми­ну­ваш ако по­стои?

Бо­јан: Не, во­оп­што не­мам тре­ма пред нат­пре­вар ни­ту, пак, за вре­ме на нат­пре­ва­рот и по­крај тоа што сум најм­ла­ди­от играч.

Ме­ди­ум: Да­ли игра­ње­то хо­кеј ти од­зе­ма вре­ме за учи­лиш­ни­те об­вр­ски?

Бо­јан: Ако се­кој чо­век до­бро си го исп­ла­ни­ра сво­е­то вре­ме, би ги по­стиг­нал сво­и­те за­мис­ле­ни це­ли. Учи­ли­ште­то ми из­ле­гу­ва в пре­срет и нај­го­лем дел од про­фе­со­ри­те се гор­де­ат со ме­не и ме под­др­жу­ва­ат.

Автор­ки: Те­о­до­ра Ве­ља­нов­ска и Ана­ста­си­ја Ѓор­ѓев­ска, тре­та го­ди­на во СУГС „Ни­ко­ла Ка­рев“ – Скоп­је