Активирај се | Создадено од вас |

Хумана акција на учениците на „Јосип Броз Тито“

feat-img

Дека хуманоста нема етничка боја и дека секому треба да му се помогне кога му е најпотребно со уште еден пример докажаа средношколците од скопското училиште „Јосип Броз Тито“.

На почетокот на овој месец беше организирана тридневна хуманитарна акција посветена на 20-годишната Сенада Исовска од дебарското село Могорче, на која ѝ е потребен хируршки зафат што чини 123.000 денари за протеза на окото во Европската очна клиника во Скопје. За време на акцијата во училишниот хол беше поставена кутија за донации во која сите ученици и професори можеа да остават доброволен прилог. По завршувањето на акцијата беа собрани 9.810 денари и испратени на сметката на Сенада Исовска. Учениците од СУГС Јосип Броз Тито ѝ посакуваат на Сенада многу среќа и добро здравје.