Иселувањето на младите

Последниот попис покажа дека Македонија за речиси две децении изгубила 185.000 луѓе. Лошиот стандард, проблемите во здравството, образованието и животната средина се дел од причините поради кои младите се повеќе се иселуваат. Десанка, Огнен и Горјан разговараа со охриѓани токму за иселувањето на младите.
Видеото беше изработено на Кампот за медиумска писменост што го организираше Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Користи факти“.
Автори: Десанка Николова од ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес, Горјан Азманов од СУГС „Орце Николов“ – Скопје и Огнен Јовановски од СУГС „Јосип Броз Тито“- Скопје