Активирај се | Создадено од вас |

Како ги убиваме „белите дробови“ на Земјата и како да ги исцелиме

feat-img

Шумите зафаќаат околу 30% од површината на Земјата. Тие се причината за животот на Земјата денес. Во тропските прашуми како Амазонија се наоѓаат најголемите екосистеми во светот.

Но, денес бројот на шуми е два пати помал од бројот на шуми пред постоењето на човекот. Амазонија гори и се претвора во савана за да има место за сточарење, за да се градат патишта, брани и плантажи. Поплави има насекаде во Европа заради климатските промени кои се влошуваат и од обесшумувањето. Жители од многубројни земји во Јужна Америка дишат чад заради масовните пожари што ја зафатија прашумата на рекордно ниво оваа година. Реката Амазон достигна застрашувачко ниски нивоа. Амазонската прашума секогаш била премногу влажна за да гори, но тоа веќе не е случај. Поради обесшумувањето, таа полека со суши, а поради постојаната човечка активност е во постојана опасност од шумски пожар. Ако обесшумувањето продолжи со ова темпо, за 100 години сите прашуми ќе бидат уништени. Не горат само амазонските прашуми, туку горат шуми кои го загадуваат воздухот на глобално ниво, па и во Македонија. Според Европскиот информациски систем за шумски пожари (ЕФФИС) само оваа година во Македонија изгореле 94 000 хектари шума што е речиси колку последниве 10 години заедно.

Извор: Michael Held, Unsplash

Сега зошто се толку важни дрвјата?

Дрвјата преку процесот на фотосинтеза го земаат стакленичкиот гас CO2 од атмосферата и го користат за да создадат кислород кој го испуштаат во атмосферата. При овој процес, тие складираат јаглерод диоксид и кога се сечат или горат голем број дрвја, се случуваат три работи:

  • Складираниот CO2 се ослободува во атмосферата,
  • Има помалку дрва кои можат повторно да го апсорбираат и
  • Се повеќе се загрева планетата.

Како и дали може да се спасат шумите?

Сè уште не е предоцна да ги спасиме нашите бели дробови и да преземеме акција. На 12 декември 2015 година во Париз бил направен договор според кој секоја земја која ќе потпише треба да преземе мерки за да се забават климатските промени. Го потпишале 196 земји, но многу од нив не прават доволно за пошумувањето. Затоа треба ние да преземеме акција. Како поединци има многу начини на кои може да помогнеме. На пример:

  • Да волонтираме во еколошки организации и да садиме дрвjа;
  • Да засадиме дрвjа во нашиот двор ако живееме во куќа;
  • Да протестираме против уништувањето и за обновувањето и заштитата на шумите;
  • Може да инсталираме Ecosia. Тоа е интернет пребарувач кој вложува средства во заштита на животната средина,
  • Да потпишеме петиции кои бараат промени, но и доколку можеме да донираме на еколошки организации и
  • Да го елиминираме месото од нашата исхрана или бар да го намалиме просечно користење.

Автор: Петра Митовска екоактивистка од ОУ „Коле Неделковски“ – Скопје

Извори:

nationalgeographic.com;

nature.com;

earthlyinstitute.com

fokus.mk