feat-img

Во кино, девојка гледа на часовникот, изнервирана и лута. Во исто време, момче трча по улица испаничено. Доцни. Девојката ѕвони на нејзиниот мобилен. Момчето забележува дека телефонот му ѕвони, но го исклучува и забрзува. Светлата се гасат, филмот почнува. Но, како ќе заврши краткиот филм на средношколците Бојана, Летициа, Марко и Михаил? Зависи од контекстот кој тие го креираа со ова видео.