„Кој го уби сонцето?“ – Драма како огледало на реалностa
На 24 декември во преполната сала на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, средношколците од драмската секција во гимназијата „Кочо Рацин“ премиерно ја изведоа претставата „Кој го уби Сонцето“. Текстот го напиша ученикот Кристијан Мартинов, кој игра и една од главните улоги во претставата.
Пораката на претставата е дека најубаво е да се живее дома, таму каде што топлината на сонцето е најсилна.
Автор: Василка Карталова, ученичка во СОУ „Кочо Рацин“ од Велес.