Кучињата, единствени гости на култниот „Палас“
Искршени стакла, уништен инвентар, напуштени соби, дом за бездомни кучиња – тоа е денешната слика за хотелот „Палас“ кој некогаш беше бисер на туризмот во Охрид. Негрижата и неразјаснетите имотно-правни односи го оставија хотелот на удар на забот на времето.
Со неговите 132 соби и функционални архитектонски решенија, хотелот во 1957г. важеше за еден од најимпозантните туристички објекти во регионот. После долгиот процес на приватизација, хотелот од 2001г. престана да функционира. Во 2016 државата го прогласи за значајно културно наследство, но негрижата кон објектот продолжува и денес. Конкретни најави за негово повторно отворање и реновирање сè уште нема.
Хотелот „Палас“ бил отворен во 1957 година, проектиран по замисла на архитектот Едо Михевц
Летната тераса на хотелот било место каде што се собирале сите на игранки
Некогаш врвулица и редици за соби пред рецепцијата, а денес празни ходници
Kатанец на врата на елитниот хотел
Нерешената сопственост за 500 квадратни метри од хотелското земјиште се проблем за повторно заживување на објектот
Ерозија на некогашното модерно архитектонско здание – распаѓањето се забрзува како што одминува времето
Во 2016 година беше прогласен за културно наследство, но сè повеќе служи како јавен тоалет
Ресторанот видел поубави денови и познати гости, меѓу кои и Јосип Броз Тито
Прозорците во минатото имале поглед кон езерската шир и кон шеталиштето на кејот. Денес од тоа се останати само скршени стакла
Некогаш и сега: Ги нема веќе попладневните кафе муабети
Терасата со уметничка инсталација, нагрдена со графити
Бездомните кучиња се единствените гости на хотелот „Палас“
Централна локација со извонреден поглед, но без решение на повидок
Автори: Марија Трпков, СУГС „Јосип Броз Тито“, Скопје и Адела Абаз, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, Охрид