Лична карта: штипска гимназија „Славчо Стојменски“
Само што ќе му се приближите на центарот на Штип, десно од реката Брегалница, пред вас гордо се истопорува големото, светложолто здание на славната штипска гимназија „Славчо Стојменски“.
‒ Со голема чест и гордост го носиме името на штипскиот визионер, идеолог и револуционер Славчо Стојменски, кој на 11 октомври 1953 година е прогласен за народен херој и патрон на нашето училиште ‒ вели Татјана Кокотова, заменик-директор на училиштето.
– Голема одговорност е, и лична и колективна, да се сочува угледот на 100-годишниот образовен столб на градот, особено во време на крупни и турбулентни општествено-политички, економски, техничко-технолошки и социјални промени, вели Татјана.
Во сите периоди од постоењето, училиштето играло важна улога во животот и развојот на Штип и Штипско. Стручниот кадар давал голем придонес во развојот на просветата и културата на градот и околу него. Штипската гимназија дала четири народни херои во НОВ и Револуцијата: Ванчо Прке, Славчо Стојменски, Михајло Апостолски и Љупчо Арсов. Во клупите на оваа гимназија учеле бројни дејци, литерати, политичари и лидери кои во најтешките денови од развојот на државата ја презеле одговорноста во свои раце. Некои од нив се починати, а некои сè уште творат, работат и ја промовираат земјата во светот. Такви се, на пример, Киро Глигоров, Ацо Шопов, Александар Грличков, Димче Беловски, Михаил Ренџов, Методи Чепреганов, Жан Митрев и многу др.
Денес во ова училиште наставата се изведува според концептот за реформирано гимназиско образование. Во гимназијата, во 27 паралелки со двосменско работење, учат 681 ученик, за чијашто наобразба се грижат 45 наставници.
Воншколски активности
При изборот на учениците на воншколските активности кои се реализираат низ повеќе клубови и секции, доаѓа до израз нивната наклонетост кон различни хобија, желбата за продлабочување на знаењата, слободната волја и изразувањето. Всушност, воншколските активности се и најдобар показател за афинитетите и творечкиот потенцијал на учениците, па со менторска поддршка на одговорните професори, учениците пофокусирано се насочуваат кон реализација на креативниот дух.
Оттука, неизбежни се посетите на изложби, на Саемот на книгата и промоции на книги, на спортски и други натпревари, на дебатни турнири, на литературни конкурси и литературни читања и др. Гимназијата учествуваше на трибината „Ден на сеќавање: 73 години од депортацијата на Евреите од Штип“, што ја организираше Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Настанот ги оживеа спомените за соживотот на еврејските семејства со останатите сограѓани во Штип, но и мачните сеќавања за трагичното депортирање на Евреите во концентрационите логори.
Воншколските активности се реализираат и во рамките на повеќе секции и проекти. Во литературната секција учениците, љубители на пишаниот збор, се запознаваат со литературната уметност, негувањето на македонскиот литературен јазик, правилно говорење и изразување низ проза и поезија. Училиштето е претставено на бројни литературни манифестации и има учествувано на тематски конкурси и читања. Преку постојана анализа на состојбата на животната средина, еколошката секција ги следи 7-те чекори на екоменаџментот и врши интеграција на воспоставените екостандарди. Се грижи за хигиената во училиштето, што е императив и за учениците и за сите вработени. Гимназијата посветено работи врз меѓуетничка интеграција во образованието: преку работилници за уметност, учениците не само што учат нови знаења и вештини туку се здобиваат и со разбирање за различностите околу нив и за мултикултурната средина. Училиштето има неколку спортски секции (пинг-понг, ракомет, одбојка, кошарка).
Кариерниот центар ги насочува учениците кон нивната идна професионална ориентација преку програмата „Подготовка за вработување и работа“. Гимназијалците се стекнуваат со неопходните вештини за барање работа: пишување куса биографија и мотивациско писмо, подготовка за интервју за работа, јавно говорење, презентирање и претприемништво.
Успеси
Посветеноста кон работата резултира и со учество и постигнати успеси на различни натпревари. Ученикот Никола Радмановиќ го освои првото место за најдобар есеј по англиски јазик, а Јована Илиева се врати како третонаградена на Државниот натпревар по математика.
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип беше дел од научната трибина „Ден на сеќавање, 73 години од депортацијата на Евреите од Штип“, во организација на Правниот факултет при УГД – Штип, на која ги оживеавме спомените за соживотот на еврејските семејства со останатите сограѓани во Штип, но се присетивме и на трагичното депортирање во логорите на смртта на овој вреден и мирољубив народ.
Само што ќе му се приближите на центарот на Штип, десно од реката Брегалница, пред вас гордо се истопорува големото, светложолто здание на славната штипска гимназија „Славчо Стојменски“.
‒ Со голема чест и гордост го носиме името на штипскиот визионер, идеолог и револуционер Славчо Стојменски, кој на 11 октомври 1953 година е прогласен за народен херој и патрон на нашето училиште ‒ вели Татјана Кокотова, заменик-директор на училиштето. – Голема одговорност е, и лична и колективна, да се сочува угледот на 100-годишниот образовен столб на градот, особено во време на крупни и турбулентни општествено-политички, економски, техничко-технолошки и социјални промени, вели Татјана.
Во сите периоди од постоењето, училиштето играло важна улога во животот и развојот на Штип и Штипско. Стручниот кадар давал голем придонес во развојот на просветата и културата на градот и околу него. Штипската гимназија дала четири народни херои во НОВ и Револуцијата: Ванчо Прке, Славчо Стојменски, Михајло Апостолски и Љупчо Арсов. Во клупите на оваа гимназија учеле бројни дејци, литерати, политичари и лидери кои во најтешките денови од развојот на државата ја презеле одговорноста во свои раце. Некои од нив се починати, а некои сè уште творат, работат и ја промовираат земјата во светот. Такви се, на пример, Киро Глигоров, Ацо Шопов, Александар Грличков, Димче Беловски, Михаил Ренџов, Методи Чепреганов, Жан Митрев и многу др.
Денес во ова училиште наставата се изведува според концептот за реформирано гимназиско образование. Во гимназијата, во 27 паралелки со двосменско работење, учат 681 ученик, за чијашто наобразба се грижат 45 наставници.
Воншколски активности
При изборот на учениците на [T1] воншколските активности кои се реализираат низ повеќе клубови и секции, доаѓа до израз нивната наклонетост кон различни хобија, желбата за продлабочување на знаењата, слободната волја и изразувањето. Всушност, воншколските активности се и најдобар показател за афинитетите и творечкиот потенцијал на учениците, па со менторска поддршка на одговорните професори, учениците пофокусирано се насочуваат кон реализација на креативниот дух.