Активирај се | Создадено од вас |

Матурската вечер, изгубена вредност

feat-img

Канита Ајдини и Ена Ќерими, СУГС „Зеф Љуш Марку”

Облеката, накитот и шминката или пак со еден збор надворешниот изглед денес имат се поголемо зачење во секојдневниот живот на некој човек. Тој доаѓа до израз особено на големи прослави како што е матурската вечер. Тоа е тоа време во средното училиште, на крајот на годината, сезона на високоочекуваниот стрес – поттикнување на обредот на премин наречена матурска вечер. Матурската вечер оотсекогаш била ноќ полна со спомени, полна со љубов, полна со солзи, со емоции, со сеќавања на последните поминати четири години. Со еден збор вечер во која секој ученик бил допрен од емоционалната турбуленција. Матурската вечер се карактеризира по начинот на славеење. Традиционално, со децении овој настан е етикетиран како луда вечер, кај што се појавуваат последните искри на тинејџерските години. Целта била едноставна, ноќта да биде незаборавна. Околностите не биле битни, факт што ноќта ја правел уште поубава.

Но како годините поминуваат, сето тоа останало во минатото. Матурската вечер ја изгубила вистинската вредност. А како главен фактор што придонесува кон овој феномен е забрзаниот животен стил кој не тера повеќе да се стремиме кон западниот тренд што глобализацијата го носи. Тоа влијае на секој аспект на животниот стил и менталитет. Овој нов светски поредок ги зафаќа и најмалите детали на нашиот живот, па тука спаѓа и матурската вечер. Танцувањето се смени со снепови, пеењето со твитови, а горко-слатките солзи со статуси кои нудат само илузија на тоа како требало таа волшебна ноќ да биде.

Како што спомнавме, целта е оваа вечер да остане на нашите спомени како незаборавна, ја изгуби смислата. Денес, не е важно дали се танцува, се додека сите изгледаат гламурозно, бидејќи целта е да се привлече вниманието. Исто како и на нашиот убав главен град, на матурската вечер и се изгуби она најважното, забавниот дух. Смислата за добра музика.Осетот за добар „денс“. Тоа е тоа што ни фали, тоа е вистинската вредност.