Активирај се | Создадено од вас |

Медиумски ден 2024: Средношколците ја откриваат магијата на медиумите

Видоа како се работи во новинарските редакции, се пробаа во улога на водители, учествуваа во подготовки за поткаст, седнаа „да водат вести“ и ја почувствуваа магијата на медиумите.

Околу 170 средношколци од 13 средни училишта учествуваа на овогодишниот Медиумски ден и посетија медиуми во Скопје, Битола, Куманово и Штип. На овој Медиумски ден дискутиравме за дезинформациите и како технологијата го обликува мислењето на младите.

Медиумскиот ден е дел од проектот „Користи факти“ што го спроведува Институтот за комуникациски студии со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Погледнете како поминавме на осмиот Медиумскиот ден за средношколци.