Младите се бомбардирани од лажни вести и пропаганда
Со цел подигање на свеста кај младите за медиумска писменост и поинаков пристап кон информациите кои ги добиваат од интернет, во рамки на проектот „Младинска медиумска писменост“, преку разни активности се работеше на подигање на нивното критичко размислување.
Активностите беа во рамки на Коалиција за медиумска писменост што ја спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавноста во парнерство со „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Коалицијата ја сочинуваат осум граѓански организации и осум медиуми, а е поддржана од ЕУ.
Проектот опфати вкупно три викенд обуки за млади луѓе во Скопје, Велес и Тетово. На 7 и 8 октомври годинава, се одржа една обука во Скопје, а гостин предавач беше Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и односи со јавност.
Потребата од медиумска писменост кај младите е наметната од растот на лажните вести и пропагандата, кои со тоа постојано се изложени на низа манипулативни содржини.
Оттука, Националниот младински совет на Македонија и Радио МОФ, го работат овој проект во рамки на Коалицијата за медиумска писменост, иницирана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.