Мултимедијалци снимаат 12 филмови
Изминативе денови низ скопските улици се снимаат последните сцени од 12-те краткометражни филмови, кои се авторски проекти на средношколците од првата генерација на отсекот за мултимедија во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје.
Станува збор за проект кој за прв пат се случува во Македонија во кој средношколци снимаат филмови. Комплетната изведба на филмовите – од идеја до готов филм, е дело на самите 12 величествени, како што се нарекуваат ученици од класата на професорот Ристе Ставревски. Филмовите се инспирани од ученичкoтo секојдневие зачинети со сериозна акција, како што велат авторите.
Стручната јавност и публиката ќе можат да ги видат авторските првенци на новогодишната изложба на средното уметничко училиште. Отсекот со нетрпение ја очекува критиката на љубителите на седмата уметност, но без лажна скромност тврдат дека следната година сериозни актери преку престижен кастинг ќе се обидат да добијат некоја улога во нивните нови филмови. Дотогаш учениците се надеваат дека ќе ја добијат и подршката од надлежните за комплетирање на потребната опрема за снимање.
Сергеј Митевски, II б, ДСУУ „Лазар Личеновски“