Над Битола и Москва ја фрлија „Магијата на Монмартр“
Три средношколки од Битола имаа незаборабно искуство во главниот град на Русија, каде беа поканети на отворање на изложбата во која се претставуваат бисерите на Монмартр, а имаа и можност од прва рака да ја почувствуваат руската култура.
Во очи на Денот на независнова, вечерта на 7 септември од културниот центар „Магаза“ над Битола се фрли „Магијата наМонмартр“. Станува збор за традиционална ликовна изложба на која се изложуваат дела инспирирани од старата македонска архитектура и пејзажите во битолскиот и охридскиот регион.
Бисерите на Монмартр годинава ги насликаа деца и тинејџери на возраст од 11 до 19 години во периодот од 23 до 31 мај годинава. Авторите доаѓаат од многу земји ширум светот како Србија, Бугарија, Украина, Португалија, Хонг Конг, Малезија, Тајланд, Турција, Романија, Словачка, Израел како и Русија каде минатиот месец , за првпат, беше изведена истата изложба – „Магијата на Монмартр“. Таа се одржа во прекрасната Москва, а на неа беа поканети ученички од битолската гимазија „Јосип Броз – Тито“.
Елиза Хенту, Илина Ѓоргиевска и Андреа Коруноска заедно со нивната менторка Елена Хаџи Антонова, отпатуваа во Москва каде имаа можност да се запознаат со тамошната култура. Посетија концерти на класична музика и операа, учеа за руската архитектураа и цртаа. Тоа беше доволно силна причина во овој број на „Медиум“ за рубриката „Херојот од мојата улица“ да разговараме една од младите уметнички кои беа на ова патување.
Изложбата во Москва беше во претставена на повеќе локации во центарот на градот, а во текот на овој месец, како што ни откри нашата соговорничка, делата се изложени, ни помалку ни повеќе, во Академијата за акварели и ликовни уметности на Сергеј Андријанов.
„Медиум“: Зошто „Магијата на Монмартр“ замина во Москва?
Андреа: Целта на оваа изложба беше прикажување на „бисерите“ на Монмартр 2018. Оваа изложба е традиционална и се одржува секоја година во Битола, а оваа година за првпат се одржа во Москва. Тука може да се видат најубавите дела направени во период од 23 до 31 мај.
„Медиум“: Која беше целта на вашето присуство на изложбата „Магијата на Монмартр“ во Москва?
Андреа: Целта на нашето присуство во Москва беше да ја отвориме оваа изложба и исто така да учествуваме во истата.
„Медиум“: Каде се одржуваше оваа изложба?
Андреа: Главната изложба беше во библиотеката во центарот на Москва но исто така ја имаше и во помали простории каде имаше помалку слики. Од октомври изложбата се претставува и во просториите на академијата за акварел и уметности позната како Академија на Сергеј Андриаки.
„Медиум“: Освен отворањето на изложбата, какво друго искуство понесовте од Москва?
Андреа: Имавме часови по уметност на кои цртавме руска архитектура во центарот на Москва. Исто така, ние посетивме голем број на галерии и музеи за уметност каде видовме дела на големи ликовни уметници. Бевме на концерти каде слушавме класична музика и опера. Посетивме голем број на цркви и манастири што се карактеристични за местото.
„Медиум“: Како би го опишала со еден збор ова искуство?
Андреа: Ова е едно од тие доживувања за кои е тешко да се пронајде вистинскиот збор… Со еден збор не е едноставно да се опише она што го видов и доживеав таму. Сѐ беше фантастично.
Автор: Миа Дарковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола