Активирај се | Создадено од вас |

Никола – младиот рекордер во редење на Рубикова коцка

Никола денес има над 20 Рубикови коцки, а првата ја купил во 2017, кога бил петто одделение. Вели дека таа не е ништо во споредба со денешните што ги има, но служи како едно топло сеќавање од каде започнал.

Кога се појави во раните осумдесетти, беше само уште една шарена играчка, но со текот на времето се претвори во вистински глобален феномен. Фасцинантната механичка сложувалка стана симбол на предизвик и упорност. Иако има дури 43 трилиони различни комбинации, таа е може да се намести со само 20 потези. Станува збор за Рубиковата коцка. Иако шарените коцки барем еднаш секого од нас го предизвикале да проба да ги нареди, ретки се оние кои добро се справуваат со оваа сложувалка. Еден од нив е Никола Ничовски, ученик во гимназијата „Кочо Рацин” од Велес.

Никола денес има над 20 Рубикови коцки, а првата коцка ја купил во 2017, кога бил петто одделение. Вели дека таа не е ништо во споредба со денешните што ги има, но служи како едно топло сеќавање од каде започнал. Просечното време во кое може да ја намести Рубиковата коцка е 9 секунди. Рекордното време му е 6,75 кое го постигнал на последниот натпревар во Скопје додека се загревал, иако вели дека ќе било уште поубаво да е во официјалниот дел. До сега пробал да ја нареди коцката и со затворени очи во 2020, кога ги запомнил шемите на редење, но она што сака во иднина да го направи е да ги доучи шемите и да проба повторно да се соочи со истиот предизвик.

Автори: Изабела Ѓурчиновски и Василка Карталова, ученички во СОУ „Кочо Рацин“ од Велес