Активирај се | Создадено од вас |

Обновете ги парковите, порачуваат најмладите штипјани

feat-img

Автори на фото сторијата: Канита Ајдини, СУГС „Зеф Љуш Марку“, Скопје и Теодора Манева, СОУ „Митко Пенџуклиски“, Кратово

Штип е град кој од секогаш е познат по неговите природни убавини, како и по пријатно уредените урбани содржини. Но, штипјани исто така обично знаат да укажат на одредени недостатоци кои понекогаш ја уништуваат убавата глетка на градот. Пример за тоа се парковите во градот, како места што се омилени од страна на децата, каде што тие можат да го поминат своето слободно време. Токму затоа, овие детски катчиња треба да бидат целосно прилагодени за најмладите, а не да бидат оставени на забот на времето. Иако лулашките и останатите реквизити не се во најдобра форма, се добива впечаток дека одамна никој не се погрижил доволно за нив.

 

obnovete gi parkovite poracuvaat najmladite stipjani 1Детската желба да бидат во своето омилено свртувалиште е поголема од недостатоците што се присутни во паркот.

 

obnovete gi parkovite poracuvaat najmladite stipjani 2Парковите се секојдневие за децата од сите возрасти.

 

obnovete gi parkovite poracuvaat najmladite stipjani 3Некои реквизити се целосно застарени но тоа не ги спречува најмладите штипјани да уживаат во својата игра.

 

obnovete gi parkovite poracuvaat najmladite stipjani 4Ги учиме децата дека водата е најголемо богатство но никој од возрасните не се погрижил да ги стави во функција чешмичките во детските паркови.

 

obnovete gi parkovite poracuvaat najmladite stipjani 5Младите со задоволство се враќаат во парковите и ги евоцираат спомените од детството но бараат катче прилагодено за нивната возраст.

 

obnovete gi parkovite poracuvaat najmladite stipjani 6Безбедноста на децата е најважна, но сепак како да е ставена на последно место се додека постојат вакви лулашки.