Активирај се | Создадено од вас |

Образование?! Абе ајде.

feat-img

Деница Ангеловска, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Македонско образование е нужно зло,длабока,темна пештера во која без да сакаш вледуваш во неа уште од најрана возраст.Како растеш и созреваш осознаваш дека наместо да се пронајдеш себеси се губиш во лавиринтот од кој за жал нема излез.Не се исклучоци и оние кои мислат дека се пронашле само поради тоа што земале дипломи. Нивното пронаоѓање завршува оној момент кога  ќе ги земат во раце. Тогаш сфаќаат дека никој едноставно не ги чека со отворено работно место и дури тогаш пропаѓаат во уште подлабока безна. Дипломата не значи и знаење,искуство, а камо ли практична работа за работно место за кое што ја поседува. Овде секако не вледува онаа категорија на деца чие презиме или “ургенции”им ја подариле таа диплома. Тие секако веќе имаат работа. Но за тоа секако не е заслужно образованието.

Што правиме со сите тие други кои остануваат во него? Како тие ќе успеат да се изборат со сето тоа. Дали еден ден од нив ќе се развијат нормални и образовани луѓе? Не би рекла. Честопати размислувам дали некој можеби некогаш одвоил барем две минути и размислил како изгледа денот на еден ученик.

Верувам не. Станувате наутро неспани,бидејќи цела ноќ сте ја поминале учејќи или размислувајќи за неделата. Одговарате, добивате висока или ниска оценка, завршува денот и годината, а со неа и помнењето. Тоа ли е образование?

А што правиме со тоа така наречено воспитување. Тешко на родителите кои мораат да се справуваат со безобразни соученици, булинг, потсмевање, отфрлање од друштвото ако не си фраер. Каде е тука образовниот систем, сите педагози, психолози, професори за кои ние сме само предмети  од кои што земаат плата. Време е да сфатат дека ние сме жива материја која знае да се смее, плаче, чувствува, тагува. Но никому за тоа не му е грижа.

Токму поради овие причини “последица” беше и претставата “Образование?!Абе, ајде!”.Истата не треба да се сфати како нечие исмевање или некој да се навреди од неа зошто така не би биле ништо подобри од сите кои се вклучени во образовниот систем. Со неа само сакавме да покажеме дека сме живи суштества кои еден ден сакаат да станат луѓе, ама вистински.

Ако не не “бива” за математика не значи дека меѓу нас нема некој Пикасо.Од друга страна пак ако не знаеме да играме фудбал или тенис не значи дека нема да бидеме први кои со сопствено конструирано летало сме ја посетиле Месечината или некоја друга планета. Затоа не ни ги кратете крилјата. Не се сите од нас “феникси” кои можат да се издигнат од сопствената пепел. Не дозволувајте образовниот систем да не изгори. Дозволете ни да бидеме тоа што сме и запознајте не бидејќи го заслужуваме тоа.

Сепак ние сме младината од која зависи иднината да оваа држава.