Поинаква кафе средба
Девојка седи сама на маса, анксиозна е и нервозна. Во исто време, на автобуска станица момче нестрпливо чека автобус, се нервира што доцни. Се разгневува и заминува од автобуската трчајќи. Девојката која го чека погледнува кон улицата од која што треба да дојде момчето. Празна е, но одеднаш… Погледнете што може да се случи ако се смени контeкстот на оваа приказна. Видеото е на средношколците Давид, Далиа, Елена и Стефан.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.