Потребни се наставници фасилитатори
Наставните кадри во образовниот процес се клучни за развојот на младите луѓе. Андреј Чоловиќ преку неговиот видео поткаст пренесува колку е важно наставниците од предавачи да станат фасилитатори при пренесување на знаењето и вештините, за се подобри образованието на младите.
Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.