Повреди на работното место
„Топлото време е една од причините за зачестените повреди на работното место. За само една година се регистрирани 728 случаи на повредени работници“.
Според законот предвидени се задолжителни систематски прегледи. Од Македонското здружение за безбедност и здравје при работа велат дека од 70.000 компании само 30% ги спроведуваат правилно.
Од почетокот на годината Државниот трудов инспекторат издал 671 решение за фирми во кои проверувале дали се направени здравствени прегледи.
Прилог на Драгана Божиноска ученичка во ОСЕУ „8 Септември“ од Тетово којашто беше еден месец на пракса во Сител.
Оваа содржина е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на ИРЕКС и на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и не ги одразува ставовите на УСАИД или Владата на Соединетите Американски Држави.