Активирај се | Создадено од вас |

Претставата „Чекајќи го“ на корчагинци по втор пат во МНТ

feat-img

На 30 септември, на Денот на Љубов, Вера и Надеж во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот, средношколците од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ по втор пат ќе ја одиграат претставата ,,Чекајќи го…”.

Билетите се во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 500 денари, а може и онлајн продажба. Средствата од билетите ќе бидат донирани за лекувањето на Марко Здравковски.

Музичката драма „Чекајќи го“ за прв пат беше изведена годинава во април и преставува дистописка драма за некои идни луѓе, во некое идно време кога во светот веќе не постојат книги и библиотеки. Мала група чекачи, ,,осудени” да читаат книги дур чекаат некои подобри времиња, вербално се препукуваат со цитати и мудрини од преку 25 светски книги ( од Платон до Венко Андоновски и Горан Стефановски). Актерите алудираат на ликовите од Бекетовата драма на апсурд ,,Чекајќи го Годо…”, тоа се андрогени ликови, бивши политичари, судии и бизнисмени кои се покајуваат што низ животот не читале доволно книги за да развијат емоционална интелигенција, чиј врв е добрината. Низ целата претстава главен лик е книгата, низ кореографијата, музичките точки и текстот доминира нејзиното височество книгата.

Корчагинци порачуваа „ Не чекајте, купете билети и подарете добрина!“ #ијассуммарко