Активирај се | Создадено од вас |

Промоција на наградените ученици од конкурсот „Изрази се преку медиумите“

feat-img

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста в четврток, 23 април 2015 г. од 10.30 – 12 часот во ЕУ Инфоцентар во Скопје ќе ги промовира наградените средношколци кои се пријавија на конкурсот „Изрази се преку медиумите“.

40-тина ученици од средните училишта низ цела Македонија аплицираа со фото-сторија, постер и едноминутно видео на тема: „(Де)конструирај ги медиумите: најди го значењето зад пораката“.

Најдобрите трудови ќе бидат наградени со видео-камера, таблет и фото-апарат.

Лице за контакт: Лејла Шабан, [email protected], [email protected]

Тел.: 02/ 30 90 004