Активирај се | Создадено од вас |

Простори на (не)задоволството

feat-img

Општеството е местото каде што луѓето живеат заедно во мир, воспоставени правила, култура и соработка. Општеството има дефинирани закони и добро поставени граници. Целта на дигиталната творба – видео запис е да го објасне општеството, неговиот основен концепт, важностa и влијанието што општеството го има врз нас.

Општеството не го цени животот на индивидуата толку колку што сметам дека треба. Општественото уредување треба да ја донесе благосостојбата на колективно ниво со што индивуата e во неможност да одлучува. Ова беше една од главните причини за да се создаде визуелниот запис којшто го насловив „Простори на (не)задоволство“.

Тргнувајќи од чувството на незадоволството што го препознав во себеси, а и во оние околу мене, пред се ги прифатив, а и ги документирав негативните ефекти што ми ги наметнува општеството како поединец речиси несвесно. Спонтано или не, го документирав секој аспект од општеството околу мене, што на некој начин ми предизвика бунт, незадоволство и желба за промена. Од друга страна, се обидов да ја документирам секоја појава што буди во мене пријатно чувство. И токму тоа е мојата цел со овој визуелен запис – да запишам сѐ што моето око може да го дофати, за да се запомне. Сакам да го истакнам незадоволството како социјално актуелен проблем и да ја потенцирам важноста и неговиот социјален импакт. Да ги најдам и истакнам недостатоците и несовесноста на човекот, но и да ги прикажам истите спротивни ситуации.  Сепак верувам во иднината во луѓе кои ја сакаат уметноста, кои создаваат уметност и кои ја живеат уметноста. Уметноста, театарот, музиката се оние работи кои ме врзуваат за мојот град и на кои сум горда и кои предизвикуваат задоволство кај мене.

Автор: Вера Тошева, СОУ „Јосип Броз – Тито“, Битола