„Прозорец“ – емисија креирана од средношколци на кампот за медиумска писменост во Штип
30 средношколци од цела Македонија за четири дена успеаја да ја направат ТВ емисијата „Прозорец“. Дел од темите се локални, од Штип, а дел се однесуваат на младите и нивниот однос кон медиумите.
Продукцијата се случуваше во јуни во Штип, кај домаќините-предавачи на Одделот за ТВ и радио при Унивезитетот „Гоце Делчев“ кои заедно со нивните колеги од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ го организираа средношколскиот камп за медиумска писменост.
Емисијата „Прозорец“ е изработена во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија.