Радарот кој не простува
26 луѓе загинале во сообраќајките кои се случиле на патиштата низ Македонија во првите четири месеци оваа година, а најчесто брзите возачи ја загрозувале безбедноста во сообраќајот. Албрим Хоџа и Денис Рауфи беа на терен на автопат заедно со мобилна полициска екипа. 302 километри на час е најголемата брзина која ја измериле полициските радари.
Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.