Активирај се | Создадено од вас |

Се одбележа 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна

feat-img

Педесетина ученици од поранешните југословенски простори ја одбележаа 100-годишнината од крајот на Првата светска војна со заедничка театарска претстава во словенскиот град Птуј.

Претставниците од Македонија – средношколци од училиштата „Георги Димитров”, „Јосип Броз Тито” и „Браќа Миладиновци”, ја подготвуваа завршната претстава една недела низ разни работилници и дружења.

– Активностите се одржуваа во гимназијата во Птуј. Таму имавме можност да се запознаеме и дружиме со наши врсници. Преку музика, танц, глума и пеење ја подготвувавме завршната претстава на оваа прослава, вели Александра Михајловска, учесничка на манифестацијата.

– На ова патување  стекнавме  многу нови пријателства, коишто ќе се обидеме да ги негуваме и секако да возвратиме на гостопримливоста во некоја наредна прилика во Македонија, вели Никола Димитровски, учесник од СУГС „Георги Димитров“.

Проектот е подржан од Централната служба за образование во странство „ЗФА“ под чија надлежност се ДСД училиштата.

Марина Тодоровска, СУГС „Георги Димитров“