Активирај се | Создадено од вас |

Се пријавив на „Пинкови ѕвездички“ и успехот потоа дојде сам

feat-img

Лина Пејовска е средношколка во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје, има 15 години, а веќе е музичка ѕвезда. Нејзиниот прв хит е „Ако ме сакаш“ на Ју тјуб има околу 200.000 прегледи, а подготвува и нови песни за публиката.

МЕДИУМ: Лина, ти си нашата нова музичка ѕвезда на нашата естрада.  Дали би сакала да ни откриеш која всушност си ти?

ПЕЈОВСКА:  Средношколка сум во една од најдобрите гимназии во нашиот град, гимназијата „Јосип Броз Тито“ и имам 15 години. Најмногу што сакам после пеењето е да се дружам, да излегувам и најдобро што можам да ги поминам моите луди години.

se prijaviv na pinkovi zvezdicki i uspehot potoa dojde sam 2МЕДИУМ: Каде и кога ја започна твојата кариера? Дали талентот го наследи од некој или ти беше таа што прва го „скрши мразот“?

ПЕЈОВСКА: Голема желба и привилегија ми беше да настапувам во музичкото талент шоу „Пинкови ѕвездички“. Земено во предвид дека моите не знаеја дека сакам да се занимавам со пеење, решив сама да се пријавам на аудициите. После тоа шоу, кое се одржа во Србија, следуваа многу фестивали и успеси во други држави.

МЕДИУМ: За какви фестивали станува збор?

ПЕЈОВСКА: Аууу… фестивалите ги има во голем број, но сега ќе ви откријам само некои. Настапував во Суботица, на меѓународен фестивал којшто беше поделен во две категории. Во мојата категорија, освоив Златен Гран При и ме прогласија за победник. Неодамна се вратив од Литванија, каде се одржуваше  интернационален натпревар со повеќе од 70 учесници од околу 50 држави. Таму освоив две награди, една дипломска и една за „најдобар поп пејач“. Се претставив со повеќе песни, од која едната беше „Ако ме сакаш“, со којашто настапив на познатиот македонски фестивал „Макфест“.

se prijaviv na pinkovi zvezdicki i uspehot potoa dojde sam 3МЕДИУМ: На сите ни е добро позната твојата песна „Ако ме сакаш“. Кажи ни го патот на  таа песна?

ПЕЈОВСКА: „Ако ме сакаш“ е моето првенче. Аранжманот и музиката се дело  на нашиот драг и ценет Дарко Димитров, а текстот на веќе добропознатата, Елена Ристеска. Потоа во соработка со „Magic Records“, излезе и српска верзија (Ako me volis) и се надевам дека таа соработка ќе продолжи. Исто така „Ako me volis“ доби и ремикс. Премногу сум задоволна од тоа како реагира публиката на песната.

МЕДИУМ: Кој се грижи за твојот изглед?

ПЕЈОВСКА: За јас да се чувствувам најубаво секогаш гледам да сум во сигурни раце и со тим којшто ќе биде секогаш тука за мене. За стајлингот секогаш се грижат Ива Спасовска од Ателје и Fashion Group, додека за шминка и фризура, Бобан Тодоровски.

МЕДИУМ: Покрај сите обврски, како успеваш да се справиш со сите училишни активности?

ПЕЈОВСКА: Нормално дека пред сè ми е училиштето, но не секогаш успевам да ги извршам целосно обврските. Многу сум им благодарна на сите професори, што ми ја даваат целосната поддршка и што имаат разбирање за моите многу чести отсуства.

МЕДИДУМ: Дали да очекуваме нешто ново од Лина?

ПЕЈОВСКА:  Секако. Наскоро пристигнува нешто сосема поразлично од моја страна. Бидете подготвени!

Миа Мојсовска,
Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје