Семејни кавги, нецелосни реставрации
Нерасчистени имотно-правни односи доведуваат до парадокси при обновата на куќите. Една куќа, две лица – половина реставрирана, половина запуштена.
“Оваа куќа можеби никогаш нема да биде обновена целосно”, вели мајстор кој работи во старото јадро на Охрид.
Тешко е да се задржи историската техника на градба бондрук, бидејќи старите материјали повеќе не се достапни и се заменети со нови. Клучно е да се задржи автентичниот изглед. Архитектурата на овие куќи претставува туристичка атракција. Освен лошиот изглед, старите нереставрирани градби преставуваат опасност за луѓето зашто делови од фасади паѓаат на улиците.
Автори: Милена Милошевиќ, СУГС „Никола Карев“, Скопје, Марко Илиевски, СУГС „Никола Карев“, Скопје