Активирај се | Создадено од вас |

Шпанската култура е богата, храната е вкусна, но другарувањата се незаборавни

feat-img

Да ја почуствуваат шпанската култура, да се забавуваат на шпанска музика и да зборуваат шпански јазик, се само мал дел од можностите кои ги искористија трите средношколки од средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, Емилија Трајкоска, Марија Дуева и Теодора Дичова.

spanskata kultura e bogata hranata e vkusna no drugaruvanjata se nezaboravni 2Тие заминаа на патување во Аликанте, Шпанија, каде домаќини им беа нивните врсници од училиштето „Agustinos“. Искуството кое го собраа од шпанското тло им го овозможи прокетот за мобилност насловен „We are different, we are Europe all together”, што на учениците им дава до знаење дека и покрај сите различности, тие можат да бидат сите заедно.

Покрај трите средношколки од Скопје и шпанските домаќини, во Аликанте имаше и ученици од Латвија, Португалија и Турција.

– Ова патување за нас пред се претставуваше голем предизвик од кој што стекнавне големо искуство, но и многу позитивни спомени. Со самиот наш престој во семејствата во Шпанија имавме прилика подобро да ја запознаеме шпанската култура и традиција. Во текот на престојот научивме многу повеќе за Шпанија, посетивме многу знаменитости кои се симболични за Аликанте – вели Теодора Дичова.

Со оглед на фактот дека во Шпанија временските температурите се повисоки, а Аликанте е туристичко место, учениците не пропуштија, а да не уживаат во сончевите зраци на најголемата плажа „San Juan”.

– За мене највпечатлив момент  беше замокот „Santa Barbara”, од каде што Аликанте буквално ни беше на дланка – вели Теодора.

Воодушевена од Аликанте е и Емилија Трајкоска која вели дека ова и било едно од најубавите искуства.

– Бев воодушевена од цел Аликанте, бидејќи е туристички град и навистина нуди многу симболични места,но во убавини не се вбројуваат само знаменитостите, туку и народот што живее во тие места. Слободно можам да кажам дека шпанците се многу гостопримлив и топол народ. Времето поминато во Шпанија, не беше залудно потрошено и ќе ми биде едно од најубавите патувања и искуства – вели Емилија Трајкоска.

Во текот на мобилноста тимот од Македонија имаше презентации како за шпанската така и за македонска култура. Со настап во училишниот театар преку своја изведба тие претставија македонската музика за која слушнаа само пофални зборови, но и громогласен аплауз од публиката.

spanskata kultura e bogata hranata e vkusna no drugaruvanjata se nezaboravni 4Програмата предвидуваше и посета на фабриката за „Турон” – добро препознатливиот шпански десерт, а учениците имаа можност и да се вклучат во процесот на производство. Неизбежен дел од престојот беше и посета на големите катедрали како „Santa Maria”, „San Nicholas”, „Santa Faz Monastery“.

Градот Елче кој што се наоѓа во непосредна близина до Аликанте, исто така, се најде на рутата за посети. „Рај за очи“, се зборовите со кои средношколците го опишаа ова место. Таму тие ја посетија и градината на палмите.

Кога е во прашање искуството со храна, средношколките ја издвојуваат  тавата со ориз позната како „Paella”. Тие имаа шанса во рамки на вечерта на шпанска кујна да се натпреваруваат во подготовка на ова јадење. Но, не само што учествуваа туку доминираа, ја направија најдобрана „Pealla“ и го освоија првото место.

За време на ова патување, не само за Шпанија, средношколците учеа и за другите земји од каде допатуваа нивните врсници.

– Најубаво сеќавање ми остави дружбата со сите учесници во проектот, како и сите посети на убавите места. И, ако би требало да одберам дестинација за летен одмор, дефинитивно би го одбрала Аликанте – вели Марија Дуева.

Средношколките од Скопје се едногласни во нивниот заклучок дека, имаше многу посети и спомени, можеби дел ќе избледат, но она што никогаш нема да го заборат е другарувањето.