Штипјани бараат велосипедска патека
Ристо Стојановски (68) од Штип ни раскажува дека е љубител на велосипеди уште од својата 12та година. Тој вели дека порано било побезбедно да се вози велосипед бидејќи сообраќајната култура била на повисоко ниво, а денеска воопшто не се внимава и тој бара да се направи велосипедска патека.
Бидејќи во градот Штип нема велосипедски патеки а по тротоарите се движат пешаците велосипедистите мораат да возат по сообраќајните ленти каде што се движат возилата.
Децата во градот Штип немаат безбедно место каде што може да се движат.
Луѓето немаат каде да ги оставаат велосипедите, па затоа ги оставаат на тротоарите каде што се јавуваат расправии.
Освен велосипедистите кои што немаат велосипедски патеки тука се и децата кои што возат ролери кои исто така се движат по сообраќајните ленти заедно со возилата.
Дури и моторџиите се свесни на користа од велосипедите.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.